Контактни леќи за контролирање на шеќерот во крвта

Дијабетесот е болест која влијае на способноста на телото да ја регулира гликозата. Ако нивото на шеќерот во крвта не се контролира, може да настане трајно оштетување на органите.

Луѓето кои страдаат од дијабетес го мерат шеќерот со боцкање на прстот и апаратче, но многумина ова го сметаат за болно и комплицирано.

Затоа, научниците од Националниот институт за наука и технологија во Јужна Кореја создадоа контактни леќи кои светат ако нивото на шеќерот во крвта е превисоко.

Oвие паметни леќи значително го олеснуваат мерењето на шеќерот со тоа што ги следат нивоата преку солзите и испраќаат електрични сигнали до минијатурна лед светилка.

Погледнете повеќе во видеото.

Поддржете ја нашата работа: