Новите контактни леќи решение за Покемон Го

Прилично е тешко да се тврди дека Покемон Го нема влијание врз модерното општество, барем во овој краток период. Но Џон Хенке, извршниот директор на „Niantic“ која ја креираше играта, очигледно има многу поголема визија за тоа како оваа игра може да го промени светот околу нас – и како ние би го гледале.

Неговата визија е: контактни леќи целосно интегрирани со интернет, што ќе им овозможат на корисниците да ги гледаат Покемоните во околината без да има потреба од друг уред.

Но, контактните леќи се само еден дел од планот. Идејата на Хенке не е само да ги натера луѓето да станат и да се движат, туку е и идеја за тоа каде да ги однесат. Планот отсекогаш бил да се поттикнат партнерски договори со големите продавници и јавните настани за да ги однесат играчите во парковите кои треба да се очистат – ова е еден вид утописка идеја за тоа како играчите да бидат сила командувана од самата игра.

aybzlynde6_y7hhpqwenwxbfvwowujnz-large

Доколку „Niantic“ сепак навистина сака такво ниво на контрола над својата публика, ќе мора повторно во играта да го врати следењето на чекорите и ретките Покемони. И да дадат рок до кога ќе додадат нови Покемони, покрај оригиналните 150. А можеби и да се овозможи тргување и борба помеѓу пријателите?

Извор: „Popular Science“.

НАУКА ЗА СИТЕ

ЕНаука — поддржана од читателите

Вашата поддршка ни помага да споделуваме наука на македонски.

ОБЈАВЕНИ НАСЛОВИ9,230од 2014 година
ВКУПНО ДОНИРАНО—податоците се подготвуваат

Поддржете ја ЕНаука

Изберете ја соодветната мрежа и копирајте ја адресата.

BTC15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6
DOGEDNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm
ETH0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c
SOLE7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.