Италијанскиот хирург Серхио Канаверо тврди дека тој, заедно со својот тим, направил трансплантација на глава на мајмун и успешно поврзал отсечен ’рбетен мозок на глувци – експерименти кои според него потврдуваат дека е возможна трансплантација на човечка глава во текот на следниве две години.
Според соопштението за печатот, резултатите од овие експерименти треба да се објават во неколку научни списанија во текот на следните месеци, но тие документи не се проверени ниту потврдени, поради што многумина се сомневаат во неговите тврдења.
Хирургот ја објавил само оваа фотографија од мајмунот, како и само една снимка од глувците,за наводно да ја докаже вистинитоста на своите тврдења и експерименти. Тој вели дека мајмунот преживеал 20 минути, пред да биде усмртен од етички причини.
https://www.youtube.com/watch?v=ipC8kcdUhnY
Името Серхио Канаверо најверојатно ви звучи познато, а тоа е поради сличната контроверзна приказна во 2015 година, кој тој објави дека ќе ја направи првата трансплантација на човечка глава и дури успеа да најде волонтер – парализираниот Валери Спиридонов од Русија. Покрај огромниот скептицизам од научниците и хирурзите кои сметаат дека вакво нешто е невозможно, тој успеа да ја добие поддршката од кинескиот хирург Ксиаопинг Рен и виетнамско-германската болница во Ханој.
Па, се чини дека ова навистина се случува, без разлика дали ни се допаѓа или не. Да се надеваме дека од сето ова ќе произлезе нешто што научниците со децении го бараат – начин за да се поправи оштетениот ’рбетен мозок и да се излечи парализата.