Неговите творци го опишуваат како пазар за чувствителни информации, нешто како откривање на голи „селфиња“ на славните во стил на „Викиликс“. Оправданоста на ваков вид на пазар ќе се дебатира долго и тешко.
Една од неговите најпознати карактеристики е можноста купувачите и продавачите да го скријат својот идентитет. Клучот за ова е „Bitcoin blockchain“ – два збора од кои сигурно ќе ги превртите очите. Но, тоа се два збора кои тешко ќе ги игнорирате.
Во суштина „blockchain“ е книга за сите трансакции на дигитални валути: секој пат кога „Bitcoin“, или дел од еден, се разменува, тоа се запишува во низата. Примерок од „blockchain“ се зачувува во секој компјутер со „Bitcoin“ софтвер, што го прави записот сигурен и траен. Тоа е најважната карактеристика на системот, овозможувајќи и на валутата да постои, без надзор на централната власт.
Дигиталните валути можеби ќе бидат иднината на парите. Но „blockchain“ е целосно друго прашање. Многу експерти за технологија веруваат дека има потенцијал да ја трансформира економијата. Бидејќи додавањето на информации на „blockchain“ е лесно и евтино, би можел да ги замени сите видови на системи за водење на евиденција и регистрација на сопственост.
Амбициозни кодери веќе замислуваат една цела економија базирана на „blockchain“, која ќе ви овозможи да го продадете својот дом без прескапи адвокати. Според еден експерт, развојот на „Darkleaks“ е „неопходен чекор” кон ова.
Со сите предности и недостатоци, „Darkleaks“ сепак е обид за квантен скок кон „blockchain“ технологијата.
Што е всушност „Darkleaks“ ?
„Darkleaks“ е децентрализиран црн пазар каде што можете да продавате и купувате информации. Тој има механизам за сигурносна автентификација на документите кои се продаваат и истиот работи со помош на нов криптографски механизам. Автентикацијата е фер, најверојатно фер. Пред да платите за фајлот, по случаен избор софтверот ослободува сегменти покажувајќи само фрагменти од содржината на датотеката од кои купувачот на информацијата може да види дали се работи вистински за информација која тој ја бара. Откако купувачот ќе му ги префрли парите на продавачот се ослободува клучот кој целосно ги отклучува енкриптираните податоци.
Нема идентитет, нема централен оператор и нема никаква интеракција помеѓу продавачите и купувачите.
Со што ќе се тргува на овој пазар ?
На овој пазар практично може да се тргува со каква било информација во каков било облик (текстови, слики, видео, аудио итн.) но се претпоставува дека најчесто ќе се користи за трговија со:
– Филмови
– Трговски тајни
– Индустриски дизајни и проекти
– Владини тајни
– Софтвер и сорс кодови
– Украдени бази на податоци
– Докази за даночно затајување
– Воени тајни
– Корупција
– Секс слики и видеа на славни личности
Доколку сте заинтересирани да го симнете “Darkleaks“, кодот може да се најде тука, но имајте предвид дека софтверот се наоѓа се’ уште во работна алфа верзија и фактот дека тргувањето со биткоин е забрането во Р.Македонија.