Во февруари, оваа година, пристигнува нов вид на генетски модифицирано јаболко, кое припаѓа на сортата “Арктикчки јаболка”. Во тоа јаболко научниците го модифицирале генот што предизвикува потемнување.
Имено, овој вид на јаболко, нема да потемне кога ќе се пресече или оштети. Потемнувањето ќе се појави само кога ќе дојде до процес на скапување. Првата берба е обавена во есента 2016 година, а три подврсти се одобрени во Канада и САД.
До потемнување на јаболкото доаѓа поради хемиска реакција на ензимот полифенол оксид (ППО). Меѓутоа Арктикчите јаболка го немаат тој ензим, бидејќи научниците направиле ген кој произведува помалку ППО во листата на јаболка.
Успехот на трансформацијата е потврден со одгледување на ткива во посебни услови. Кога од ткивото ќе настане растение, тоа се калеми на корен, и така Арктикчките стебла можат да се садат и одгледуваат како било кој друг вид на јаболка.
Компанијата “Okanagan Specialty Fruits” се наоѓа во Канада и произведува три подврсти на јаболка: “Арктик грени”, “Арктик голден” и “Арктик фуџи”. На пакувањето ќе се наоѓаат посебни информации за јаболката, како и ознаки за ГМО.
Одгледувачот на јаболка Неил Картер, смета дека другите одгледувачи ќе имаат голема корист од таквиот вид на јаболка, бидејќи нема да мора да ги фрлаат кога ќе потемнат. Нема да мора да се третираат хемиски и нивниот сок ќе биде прозирен.
Доста експерти изразуваат загриженост поради ГМО храната, бидејќи таа може да предизвика алергиски реакции, а за нејзино производство некогаш се користат бактерии и вируси, па постои загриженост од појава на нови болести.