Крвавите водопади на Антартикот

Оваа уникатна карактеристика е многу повеќе од интересна појава– тоа е олицетворение на подземјето на Антартикот, навестување на она што се крие “, вели Џил Микуцки од Универзитетот во Тенеси во Ноксвил.

Веќе е познато дека има вода во течна состојба и живот во некои од езерата под мразот на Антарктикот. „Крвавите водопади“ се знак за нешто друго: дека во земјата, исто така, има вода во течна состојба и долгогодишна микробиолошка активност. Водопадите се можеби единственото место каде што подземните води доаѓаат до површината. Тие се прелеваат само неколку пати во една деценија, и се поттикнати од промени во тежината на површинскиот мраз. 

Сега, тимот на Микуцки откри дека подземните води може да бидат изненадувачки големи. Тие користат електромагнетен сензор прикачен на хеликоптер за мапирање на електричната отпорност.

Отпорностa пука во неколку магнитуди кога водата во почвата замрзнува. Значи, кога регистрираната отпорност е ниска, тимот може да го одреди нивото на под-површински води. Нивните резултати откриваат  големи тела на течност во почвата, 185 метри под површината, што се протега по долината и длабоко во заливот на Јужниот Океан.

Ова може да биде најразличниот од сите резервоари на течна вода на Земјата, бидејќи не се обновува од страна на инфилтрирана дождовница или сезонско топење на снегот. Во секој случај зборуваме за најмалку разбрана компонента на хидролошкиот систем на нашата планета, бидејќи таа е скриено под мразот.

Деталите за резервоарот се’ уште не се познати. Истражувачите веруваат дека постојат слични подземни водни тела на друго место под Антарктикот.

Подземната вода е ладна и двапати посолена од морската вода. Крвавите водопади, во кои има безброј микроби, се показател дека постои живот во водата.

Ако е така, микробите би можеле да го зголемуваат животот во Јужниот Океан. Со рронењето на карпите се ослободуваат 170 милиони килограми железо во океанот секоја година, според проценките на истражувачите. Тоа го објаснува сезонското зголемување на активноста во близина на брегот.

Истражувањето е објавено во „Nature Communications“.

Поддржете ја нашата работа: