Кучињата можат да почувствуваат љубомора

Според студија објавена во научното списание „PLOS ONE“, кучињата се способни да почувствуваат основна форма на љубомора.

Во експериментот, 36 сопственици на мали кучиња биле замолени да си играат со играчка-куче и да им читаат книга на глас на децата, притоа игнорирајќи ги своите миленици.

Истражувачите притоа ги забележувале реакциите на кучињата.

Околу 80% од кучињата се наметнувале или го допирале сопственикот додека си играле со играчката, и тоа за 4 пати почесто споредбено со реакците кои ги покажувале за време на читањето.

Една четвртина од кучињата мавтале со опашката и лаеле на играчката-куче.

Не можеме да зборуваме за точните субјективни чувства на кучињата, но по се изгледа кај нив постои мотивација за заштита на важните социјални односи.

Ова и други слични истражувања сугерираат дека кучињата, а веројатно и други животни покажуваат исконска форма на емоции.

Се вели дека љубомората кај животните е начин да ги заштитат своите сексуални интеракции и им помага на младенчињата да се изборат за храна и наклонетост од родителите.

Друга гледна точка е дека кај кучињата се развиваат емоции поради долгиот временски период на припитомување од страна на човекот.

Научниците велат дека разбирањето на љубомората е исклучително важна задача, истакнувајќи дека љубомората често е причинител на убиства, посебно интер-културни.

Поддржете ја нашата работа: