Купи куќа – купи 3д принтер

Лондонската фирма „WikiHouse“ ги претстави своите планови за 3Д печатење и градење на домови како решение на глобалната криза со недостигот на домови која се очекува со оглед на зголемувањето на светската популација.

„Идејата е да се овозможи едноставно да се сподели, а потоа и преземе куќа од интернет, на која потоа можете да и го прилагодите дизајнот и да ги испечатите деловите, користејќи машина наречена „CNC“, која во суштина претставува врска помеѓу принтерот што го имате дома и на пр. дупчалката, или пак некој стандарден материјал како на пр. иверка, што ви ги формира деловите, и во основа ви дава мебел на склопување“, вели Алистер Парвин, соосновачот на фондацијата „WikiHouse“.

Тој смета дека со тоа што веб-сајтот на неговата фондација ќе стане отворен форум, луѓето ќе можат да разменуваат идеи и да смислуваат иновативни заеднички решенија, на истиот начин на кој Википедија ни дава заедничко знаење.

„Wikihouse“ се се’ уште на самиот почеток, со само една куќа на нивниот веб-сајт во моментов, но ако нивните планови започнат да се остваруваат, градењето со тули и малтер може да стане минато.

enauka.mk
9,245наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,695денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.