Куршум што може да си ја смени насоката

Агенцијата за напредни истражувачки проекти за одбрана (DARPA), како дел од програма „EXACTO“ разви нов самоуправувачки куршум. Тоа значи дека куршумот може да маневрира во лет, односно да ја смени својата насока откако ќе биде испукан.

На својата веб-страница „DARPA“ вели дека куршумот користи оптички систем за управување во реално време, кој го следи движењето на куршумот и го насочува кон својата цел.

Овој водечки систем всушност ја обезбедува високата стапка на прецизност кај снајперистите, без оглед на надворешните фактори кои можат да влијаат на траекторијата на куршумот, како што се временските услови или движењето на целта.

„DARPA“ за прв пат го претстави овој куршум во 2014 година, а во 2015 спроведе тестови во живо со што ја покажа способноста на куршумот да ја погоди целта, и тоа дури и ако таа се забрзува и се оддалечува.

a-smart-bullet

Овој проект го демонстрира она што некогаш се сметаше за невозможно – постојано насочување на куршум од мал калибар до својата цел, вели Џером Дан, раководител на програмата.

Вметнувањето на овие способности за насочување на мал куршум од калибар 50 е огромен чекор напред што отвора можности за насочување на проектили од сите калибри во иднина.

Поддржете ја нашата работа: