Нов неверојатно цврст материјал кој го претвора куршумот во прав

Истражувачите од Државниот универзитет во Северна Каролина создадоа исклучително цврста метална пена која е доволно цврста за да го претвори куршумот во прав. Материјалот е полесен од металните оклопи, што го прави идеален за следната генерација на воени оклопи за војниците, возилата и суперхероите.

Пената може да апсорбира околу 60 до 70 проценти од вкупната кинетичка енергија од еден куршум од 7,62 x 63 милиметри каков што е прикажан на видеото, додека истовремено ги исполнува потребните стандарди за длабочината на пенетрацијата и деформацијата на еден стандарден панцир отпорен на куршуми.

Овој материјал е нетоксичен, што значи дека може лесно да се произведува и рециклира. Покрај примената за воени цели, би можел да се користи и во објектите со нуклеарен отпад, како дел од дизајнот на вселенските летала или во одредени делови од медицинската опрема.

Истражувањето е објавено во „Composite Structures“.

Поддржете ја нашата работа: