Лек за хемофилија Б преку капсула

Хемофилијата е наследна болест која се карактеризира со намалена способност за згрутчување на крвта. Се нарекува и „кралска болест“ бидејќи била широко распростаранета помеѓу европските кралски семејства во 19 и 20-тиот век. Болеста се лекува, иако сегашните третмани се скапи и болни. Но според едно ново истражување, ова наушување наскоро би можело лесно да се третира – едноставно со земање на капсула.

Инжинерите од Универзитетот Тексас во Остин, САД, развиле касула од микро и нано честички кои ја носат протеинската терапија за лекување на хемофилија Б. Оваа форма на болеста е околу четири пати поретка од хемофилија А. Хемофлија Б е предизвикана од недостаток или дефект на факторот на коагулација IX.

Денеска терапијата се изведува со помош на чести инјекции кои се скапи и непријатни. Овој пат истражувачите успеале да најдат начин како да го внесат лекот орално, а притоа капсулата да остане цела сѐ додека не дојде до цревата, каде што лекот споро се ослободува. Истражувачите сега работат на зголемување на ефикасноста на капсулата.

Кај лицата со хемофилија, доколку не примаат терапија, тешко доаѓа до згрутчување на крвта. Додека малите гребнатини не претставуваат поголем проблем, внатрешните крварења кај овие лица може да бидат животно загрозувачки. Иако сѐ уште не постои лек, редовната терапија на лицата со оваа состојба им помага да водат здрав и активен живот.

Истражувањето е објавено во „International Journal of Pharmaceutics“.

Поддржете ја нашата работа: