Лендерот Фили се разбуди

Минатиот ноември, со последното пренесување на податоци од мисијата, енергетските резерви на Фили нагло се исцрпија и премина во фаза на хибернација. Неговата точна локација не беше позната, поради лошото слетување на кометата, при што се закотви и „заспа“ под сенката на една карпа, со што Сонцето не ги осветлуваше доволно неговите соларни панели, па научниците не беа сигурни дали воопшто ќе се разбуди.

„Добивме податоци за само околу 85 секунди, но тоа е доволно за да знаеме дека Фили е добар и дека добива доволно сончева енергија за да ја одржиме комуникацијата“, велат научниците.

Научниците сега работат на промена на орбитата на Розета за врската со Фили да трае подолго и да може да направи нови мерења, со што би ја откриле и неговата точна локација.

На 13-ти август кометата најмногу ќе се приближи до Сонцето, пред повторно да се сврти назад. Лендерот Фили би требало да добива доволно сончева енергија за да работи до октомври, кога повторно ќе заспие, овојпат можеби засекогаш.

  

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt