Наредната недела две вселенски агенции ќе слетаат на Марс

Европската вселенска агенција се здружи со руската програма на „Roscosmos“ за слетувањето на вселенско летало на Марс во среда, 19-ти октомври.

Доколку успеат во слетувањето, тие ќе се приклучат на НАСА како единствените вселенски агенции во историјата кои успешно слетале вселенско летало на Марс (минус неуспешната сонда „Марс 3“).

И тоа ќе биде само почетокот – лендерот тогаш ќе започне цела нова потрага по знаци за живот на Црвената планета.

Доколку слетувањето е успешно, агенциите всушност ќе постават едно летало горе во атмосферата на Марс, и едно на неговата површина, со што научниците ќе имаат ретка можност за снимање на условите над и под планетата истовремено.

Планот е следниот: на 16-ти октомври заедничкото руско-европско летало „ExoMars“ ќе се подели на два дела – орбитерот за истражување на гасови (TGO) и лендерот „Schiaparelli“. Работата на орбитерот е лесна – треба само да долета до орбитата на Марс, додека пак лендерот „Schiaparelli“ ќе има три дена за да се подготви за совршено слетување.

„Ова ќе биде неверојатно тешко за да се изведе. Самото прикачување на инструкциите на вселенското летало беше достигнување само по себе“ – изјавува Мишел Денис, директорот на Европската вселенска агенција за орбитери.

Тоа значи дека контролата за мисијата ќе нема никакво влијание врз слетувањето – се’ ќе се извршува од страна на комјутер сместен во вселенското летало. Целокупниот тек е претходно програмиран и „ Schiaparelli“ нема да има втора шанса доколку нешто тргне наопаку.

Тоа значи дека доколку лендерот ги пресмета аглите само малку погрешно, или ќе почне да паѓа многу брзо и ќе изгори во атмосферата на Марс, или ќе се одбие од атмосферата и ќе заврши назад во вселената.

И Русите и Европејците имале обиди за слетување на Марс во минатото, и сите завршиле катастрофално. Па бидејќи немаат самостоен успех во оваа област, можеби ќе можат да го постигнат заедно.

exomars_2016_schiaparelli_descent_sequence

Мисијата на „ExoMars“ е поделена на два дела – едниот е историското слетување наредната недела, а другиот е закажан за 2020-та година кога лендерот на „Roscosmos“ наречен „ExoMars 2020 surface platform“ ќе го донесе роверот „ExoMars“, изграден од страна на Европската вселенска агенција, на површината на Марс.

Па, доколку се тргне во најдобар ред, ќе имаме два нови ровера на површината на Марс во текот на следните четири години, и доколку навистина има значи на живот некаде на Црвената планета, овие мали роботи треба да ги најдат.

Поддржете ја нашата работа: