ОН: Колку луѓе ќе има до 2100 година ?

Во документ објавен  во „Science“, демографите од неколку универзитети и Одделот за популација на Обединетите нации, е заклучено дека наместо израмнување во втората половина на 21-от век, како што се предвидуваше пред помалку од една деценија, светската популација ќе продолжи да расте.

Од друга страна, Меѓународниот институт за применета системска анализа (IIASA) во Виена, Австрија, користи неколку различни методи и вели дека е веројатно населението да го достигне врвот од 9,4 милијарди во 2075 година и да падне на само 9 милијарди до 2100 година.

И двете групи предвидуваат дека Индија станува најнаселена земја во светот. Најмногу се разликуваат во проценките за намалување на населението во Кина и зголемувањето во Африка-јужно од Сахара. Според ОН, населението во тој регион би можело да се зголеми, од помалку од една милијарда на речиси четири милијарди. Африка во 2100 ќе биде густо населена како Кина денес.
197f„Ова не се предвидувања”, велат претставници на ОН. „Ова се проекции на она што ќе се случи ако продолжат сегашните трендови. Се’ уште постои можност за интервенција”.

Пред една деценија демографите на ОН имаа пооптимистички поглед, мислејќи дека плодноста автоматски се намалува. Сега знаеме дека ова стојалиште е погрешно.

Плодноста се изразува преку бројот на деца што една жена ги раѓа во текот на животот и претставува клучна варијабла во „демографската транзиција”, која секоја земја во развој се очекува да ја надмине. На почетокот на транзицијата, високата смртност и краткиот животен век се избалансирани со висок наталитет, односно жените раѓаат многу деца, знаејќи дека ќе умрат.

Како што напредува технологијата во сите сфери, стапката на смртност опаѓа, особено кај децата. Но тоа трае најмалку една генерација, период потребен за паровите да се прилагодат на новата реалност и да имаат помалку деца. Во тој интервал, населението расте.

Во Кина и Бразил, за само 4 децении плодноста е намалена од 6 на 2 деца. Очекувана е иста транзиција и во Африка, но тука следува непријатно изненадување.

Во моментов Нигерија е клучна земја со моментална популација од околу 175 милиони за која се очекува до 2100 година да стигне до 900 милиони.

Енаука.мк (реобјавена статија)

Поддржете ја нашата работа: