Австралијанските мачки убиваат преку 649 влечуги годишно, стои во студијата, објавена во научното списание Wildlife Research.
“Резултатите од студијата се базираат на истражувања на исхраната кај повеќе од 10.000 мачки низ Австралија“, вели Џон Воинарски, професор на Универзитетот Чарлс Дарвин.
“Мачките кои живеат во дивината во просек убиваат 225 влечуги годишно, со најголем број во внатрешноста на Австралија”, вели Воинарски.
“Се проценува дека во Австралија живеат 2-5 милиони мачки скитници. Секоја година овие мачки убиваат отприлика околу 600 милиони влечуги. Постојат и околу 3,9 милиони домашни мачки кои убиваат околу 50 милиони влечуги”.
Научниците собрале податоци за околу 250 видови австралијански влечуги кои стануваат мачешки жртви, вклучувајќи 11 загрозени видови на гуштери како на пример големиот пустински гуштер.
Сали Бокс, комесар за заштита на австралиските загрозени видови, тврди дека ова ново истражување е “загрижувачко”.
Всушност во прашање не е ништо ново. Уште минатата година доста се зборуваше дека властите од Австралија планираат да направат попис во следните пет години.
Во истражувањата се установило исто така дека мачките годишно убиваат 338 видови австралиски домашни птици, што е речиси половина од вкупниот тамошен број птичји видови. Меѓу нив има и 71 загрозен вид.
Се смета дека мачките се одговорни за изумирање на некои видови птици како што е рајскиот папагал. Одговорни за исчезнување на триесетина ендемски видови животни, некои од нив се белоопашестиот зајак и австралискиот глушец со големи уши.
Која е причината за ваквата статистика?
Домашните мачки во Австралија се воведени на почетокот на деветнаесеттиот век, а веќе од 1820 година е забележано дека почнале да живеат во дивината каде немале никакви природни непријатели, освен Динго – иранскиот волк.
Уште од тогаш нивниот број постојано се зголемува, бидејќи неконтролирано се размножуваат, а со тоа дивите мачки го загрозуваат се поголемиот број автохтони животни во Австралија.