Mакедонски економски самит: Запознајте го Хери Крејмер

Тој е поранешен претседател и главен извршен директор на глобалната здравствена компанија „Baxter International Inc“. Во јануари 1999 година, станал главен извршен директор на компанијата, а во јануари 2000 година презел дополнителна одговорност како претседател на одборот на директори. 

Хери е автор на 2 бестселери за лидерство: „Од вредности до акција: Четирите принципи на лидерството засновано на вредности“ и „Биди најдобар: Изгради организација од светска класа преку лидерство што се заснова на вредности“.

Господин Крејмер се приклучи на „Baxter International Inc“ во 1982 година како директор на корпоративниот развој. Неговата 23-годишна кариера во компанијата вклучува високи позиции и во домашните и во меѓународните деловни трансакции. Во 1993 година, тој бил именуван за повисок заменик претседател и главен финансиски директор, одговорен за финансиското работење, развојот на бизнисот, глобалните комуникации и работата во Европа. Во текот на следните неколку години, презел дополнителна одговорност за бизнисот на испорака на лекови. Во 1995 година бил избран во одборот на директори и во 1997 година бил именуван за претседател на компанијата.

Претходно, пред да се приклучи на компанијата, работел корпоративно банкарство за „Банката на Америка“ и планирање и развој на бизнисот за „Northwest Industries“.
Господинот Крејмер е активен во полето на бизнисот, образованието и граѓанските прашања. Тој е во одборот на директори на „Leidos Corporation“, „Sirona Dental Systems“, „VWR International“, „Sage Products Inc.“, и „Catamaran Corporation“, како и во одборот на доверители на Универзитетот Нортвестерн, истражувачката организација „The Conference Board“, здравствениот систем на Универзитетот НортШор и архиепископијата на финансискиот комитет и училишниот одбор на Чикаго.

Тој е член на глобалниот советодавен одбор на школото Келог при Универзитетот Нортвестерн, како и на Комерцијалниот клуб на Чикаго, Советот за глобални афери на Чикаго и Економскиот клуб на Чикаго.

Господинот Крејмер дипломирал математика и економија на Универзитетот Лоренс во Висконсин во 1977 година. Магистрирал финансии и сметководство на Келог, при Универзитетот Нортвестерн во 1979 година, и е сертифициран јавен сметководител. Во 1996 година ја добил наградата Шафнер (Schaffner) од Келог, за неговото исклучително лидерство и услуги. Ужива рекреативно да трча, да игра тенис, да скија и да чита, особено за светската цивилизација. Хери, неговата жена Џули и нивните пет деца живеат во Вилмет, Илиноис.

Хери Крејмер на Македонскиот економски самит

Хери Крејмер ќе зборува на темата „Лидерство што се заснова на добри вредности“ и ќе има интерактивна сесија на прашања и одговори со Мајк Зафировски кој е еден од основачите на Македонија2025 и реномиран извршен директор на неколку познати компании. Господинот Крејмер неодамна ја издаде неговата последна книга насловена „Биди најдобар: Изгради органзација од светска класа преку лидерство што се заснова на вредности“  која учесниците на самитот ќе ја добијат на подарок, со цел Македонија да доживее суштинска преобразба во лидерството и бизнисот. 

Македонија2025 изјавува дека на самитот се пријавиле голем број учесници од САД, Канада, Хонг Конг, Франција, Австрија, Шведска, Австралија, Германија, Србија, Хрватска, Албанија, меѓу останатите. Исто така има учесници од бизнис дијаспората на Македонија со што се покажува нивниот интерес за споделување на знаење со македонската бизнис заедница.

Темите на дискусија се релевантни за сегашната состојба во земјата и регионот:

ü  Одржлив развој на економиите во Југоисточна Европа

ü  Културна трансформација и добро менаџирање

ü  Технолошки и иновативни пробиви што го менуваат светот

ü  Сектори во развој што имаат долгорочен трансформативен ефект

ü  Македонија – центар за паметни индустрии

ü  Претприемачи што создаваат богатство и го менуваат светот на интернетот

ü  Лидерство засновано на добри вредности и менаџирање со талентот

Организаторот ги кани сите заинтересирани да се регистрираат до 31 октомври за учесниците да загарантираат своето присуство на сите настани што се дел од Самитот, како и да ги искористат сите негови бенфиции. Повеќе можете да се информирате на страната на Македонија2025 што е посветена на самитот: www.macedonia2025.com/summit

Поддржете ја нашата работа: