Таа делува како многу селективен филтер кој спречува навлегување на потенцијално токсични супстанции, со што помага да се заштити ткивото и хемиската рамнотежа. Но, за жал заради оваа бариера, ако нешто се случи со мозокот, многу е тешко да се достават терапевтски средства до зафатеното подрачје.
Работејќи на овој проблем, научниците се чини дека нашле начин да го надминат. Научниците од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис направиле исклучително тенок уред (со дебелина на влакно од коса), што може да се имплантира во мозокот и да пренесува терапија во саканото подрачје. Системот е безжичен и може да се активира со далечински управувач, со што уште повеќе се зголемува прецизноста.
Системот се состои од четири комори, со кои се носат терапевтските и микроскопските пумпи со помош на кои се ослободува лекот. Уредот е изработен од меки флексибилни материјали за да се оневозможи повреда на деликатното мозочно ткиво и да не предизвикува воспалителни процеси, но е доволно масивен за да обезбеди продолжена функција.
Научниците го тестирале уредот на глушец, така што го вметнале во едната страна на мозокот што ја контролира моториката и со далечински управувач поттикнале ослободување невронски стимулатор, кој предизвикал животното да трча во круг.
Во понатамошното истражување, научнците ова го комбинирале со техниката позната како оптогенетика. На овој начин се овозможува одредена група на клетки да продуцираат протеин осетлив на светлина, кој може да се стимулира или инхибира со помош на различна бранова должина од светлината.
„Ова во иднина би можело да овозможи создавање на лекови кои може да се активираат со светлина. Со вградување на еден од овие мали уреди, теоретски би можело да се достават лекови во одредена област во мозокот и да се активираат со светлина. Со овој пристап потенцијално може да се овозможи многу потаргетирана терапија, со помалку несакани ефекти“, велат научниците.
Научниците се надеваат дека со време ќе успеат да ги таргетираат нервните патишта поврзани со болката, епилепсијата, па дури и депресијата, но засега со употреба на животински модели се очекува дека овој пристап ќе помогне да се прошират сознанијата за врските помеѓу мозочната функција и однесувањето.
Истражувањето е објавено во списанието „Cell“.