„Очите на скокачките пајаци не може да бидат многу поразлични од оние на пеперутките или птиците, а сепак сите три вида ја синхронизираат чувствителноста на светлина со помош на пигменти кои ја филтрираат светлината“, вели Нејтан Морхаус од универзитетот во Питсбург.
„Спектралното филтрирање“ претходно не било забележано кај пајаците, со што оваа визуелна стратегија е одличен пример за еволутивна конвергенција.
Пајаците имаат четири пара очи кои гледаат различен аспект од средината. Ова истражување покажува дека со „главните очи“ гледаат во црвено, зелено и УВ. Нивната тајна е филтер кој предизвикува некои клетки чувствителни на зелено, да гледаат во црвено, слично како очила за сонце.
Така, тие иако гледаат во боја, како и луѓето, се разликуваат по тоа што нивната ретина е ограничена, односно мора да ги скенираат сцените ред по ред, за да ја акумулираат информацијата за бојата. Следно, научниците ќе испитуваат дали видот во боја имал улога во разновидноста на пајаците во текот на нивната еволуција.
Истражувањето е објавено во „Current Biology“.