Во својот максимум, што е предвиден да трае 12 – 13 август оваа година, во северната хемисфера може да видите до 100 ѕвезди кои паѓаат на час, под услов да пронајдете темно, ведро небо за гледање.
И за прв пат од 2010 година, таа задача сега е лесна, затоа што 13 август, исто така е ноќта пред нова месечина, што значи дека ја нема месечината во позадина за да ви пречи.
Персеид е именуван по соѕвездието Персеј, бидејќи тоа е местото од каде што се чини дека се’ потекнува. Метеорскиот дожд се состои од честички кои биле ослободени од кометата „109 / Swift-Tuttle“ во и надвор од внатрешноста на Сончевиот систем.
За набљудувачите во северната хемисфера, експертите препорачуваат да се гледа метеорскиот дожд после полноќ на 12 или 13 август. И не грижете се за набавка на каква било фенси опрема, ќе бидете во можност лесно да го видите со голо око, особено ако сте надвор од градот, далеку од смогот и атмосферското загадување.
За време на кулминацијата на метеорскиот дожд, од 60 до 100 метеори секој час ќе бидат детонирани во атмосферата на Земјата со брзина од околу 209,000 км/ч. Интересно, поголемиот дел од овие метеори се неверојатно мали. Повеќето честички се со големина на мал камен или песок и тежат само 1-2 грама.
За жал за оние кои се во јужната хемисфера, настанот нема да биде толку спектакуларен. Експертите предвидуваат дека само една третина од метеорите ќе бидат видливи за вас оваа година.
Каде и да сте во светот, ние ви посакуваме да уживате во овие светли космички убавини. Потребно е само малку трпение, некој близок со вас и ве очекува волшебна ноќ.