Кралот Тутанкамон е една од најпрепознатливите историски личности од антички Египет, главно поради фактот што бил само момче кое починало мистериозно на 19-годишна возраст.
Приказните поврзани со неговиот проколнат и мистериозен гроб, како и раскошниот саркофаг довеле до зголемување на нашата колективна фантазија со векови, а сега едно ново откритие продолжува да ја вџашува археолошката заедница бидејќи вели дека момчето-крал било закопано со нож кој потекнува од вселената, односно нож кој е направен од метеорит и главно е составен од железо и никел.
Истражувачите го проучувале ножот со помош на неинвазивна флуоросцентна спектрометрија со Х-зраци – техника која им овозможува на научниците да погледнат внатре во прилично секој објект.
Откриле дека е составен од 11% никел, што е многу повеќе од традиционалните железни ножеви на Земјата кои просечно содржат само околу 4% никел. Ова укажува на тоа дека ножот потекнува од метеор, бидејќи тие најчесто содржат повеќе никел.
Потоа, тимот сакал да го пронајде метеорот од кој би можело да биде направено ова сечило, па така почнале да ги истражуваат метеорските локации во рамките на површина од 2 илјади километри во радиус од Црвеното Море. Откриле 20 железни метеорити, од кои само еден имал содржина на никел и кобалт која била во согласност со содржината на ножот.
Метеоритот е наречен „Kharga“ и е откриен во 2000 година на пристаниште западно од Александрија. Но, уште почудно е тоа што ова не е единствениот предмет од вселената кој е пронајден во гробот на Тутанкамон. Неговиот ѓердан, кој претходно се сметаше дека е направен од халкидон (еден вид на кварц) е всушност направен од стакло од силика од Либиската пустина. Вакво стакло се формира кога метеор ќе удри во песокот.
На научниците не им е јасно зошто Египѓаните сакале да користат материјали кои потекнуваат од метеорите, но веројатно сметале дека метеорското железо е божја супстанца бидејќи паднала од небото.
Гробот на Тутанкамон можеби крие и други тајни, како на пример гробот на Нефертити за кој се верува дека се наоѓа позади ѕидовите на овој гроб, но тоа се’ уште се истражува.
Овој нож ни покажува дека се’ уште има многу откритија кои не чекаат во Египет, па со нетрпение очекуваме да видиме што е следно.
Истражувањето е објавено во „Meteoritics and Planetary Science“.