Мистеријата на розевото езеро

Природата е позната по своите понекогаш чудни убавини. Една од нив е езерото Хилиер во Австралија. Ова езеро воодушевува со својата розева боја. Се наоѓа во непосредна близина на Тихиот Океан, па глетката одозгора е неверојатна.

2431

Научниците се’ уште не се сигурни за причината за оваа уникатна боја, но повеќето сметаат дека е поради присуството на микроалги од видот „Dunaliella salina“. Овие микроалги произведуваат каротеноиди – пигмент кој исто така се наоѓа и во морковите. Друго објаснување за оваа појава е присуството на халофилни бактерии во солта. Покрај тоа, розевата боја може да е резултат на реакцијата помеѓу солта и натриум бикарбонатот што се наоѓа во водата.

2431f

Езерото Хилиер е откриено во 1802 година од страна на морепловецот Метју Флиндерс. Прилично е мало, со должина од 600 м. и ширина не повеќе од 250 м. Се наоѓа на брегот на западна Австралија.

На почетокот на 20-тиот век, во период од 6 години луѓето ваделе сол од езерото, но денес се користи само за туристички цели. Водата е чиста и не предизвикува штета на човечката кожа. И алгите се сосема безопасни.

Поддржете ја нашата работа: