Мистериозен феномен во судир на галактички кластери

Научниците од Универзитетот во Минесота ја направиле сликата со помош на телескопот „VLA“ и ги искористиле неговите способности за да ја прикажат сликата каква што луѓето би ја виделе доколу нашите очи би биле чувствителни на радио бранови, наместо на светлосни.Своите резултати ги презентирале во “Astrophysical Journal“.

На сликата, црвената боја покажува каде подолгите радио бранови доминираат, а сината пократките. На сликата се забележуваат неколку чудни карактеристики кои астрономите сметаат дека се поврзани со тековниот суддир на галактичките кластери.

Регионот е наречен “Abell 2256“ и се наоѓа на околу 800 милиони светлосни години од Земјата. Научниците го проучуваат веќе повеќе од половина век, а содржи голем број на разновидни објекти чие потекло е нејасно. Регионот на сликата зафаќа површина голема речиси колку полна месечина.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt