
Затворањето на очите и фокусирањето на светот околу вас е еден од начините да ги почувствувате благодетите од когнитивната терапија базирана на полна свесност. Во новата серија видеа од проектот „UROK“, наречени „AskADoc“, доктор Андреа Летаменди, психолог и научник, објаснува колку моќна може да биде само 20-минутна медитација за менталната состојба на едно лице. Истражувањата покажуваат дека кај лицата што редовно медитираат се подобрува меморијата, вниманието, академските достигнувања, социјалните релации, чувството за емпатија како и полесно справување со стресот. Медитацијата исто така ја намалува анксиозноста, депресијата, импулсивноста и гневот.
„Не се работи само за позитивно размислување или игнорирање на лошите работи. Тоа е пресвртница во вашите чувства и мисли, без осуда, без разлика дали се добри, лоши, позитивни, па дури и болни. Полната свесност е извонредна алатка за емотивно и физички здравје“ – вели доктор Летаменди.
Медитацијата е тип на когнитивна терапија на база на полна свесност која се користи во болниците и рехабилитационите центри ширум светот. Со насочување на вниманието и со слушање на вашето срце и зголемената свесност за непосредното опкружување, телото успева да го редуцира нивото на хормоните на стресот, да го насочи вниманието на умот на сегашноста, наместо да биде заробен во минатото или во мислите за иднината, што конечно доведува до смирување на умот.
Во видеото таа ги повикува гледачите да земат длабок здив, да погледнат околу себе и сами да го тестираат ова.