Дали боенките за возрасни можат да се наречат “Арт терапија”?

Новите истражувања покажуваат дека иако боенките за возрасни го намалуваат стресот, тие сè уште не се арт терапија.

Често моментално сеприсутните боенки за возрасни се нарекуваат арт терапија. Вистинските арт терапевти тврдат дека таквите изјави се погрешни и дека вистинската арт терапија е посветена на развојот и односите, а не само на тоа поединецот да се чувствува подобро.

Гирија Каимал, доцент на Високата школа за здравство и здравствена нега при Универзитетот Дрексел, спроведе истражување чиј резултати покажуваат дека боенките за возрасни имаат позитивен ефект, но тој не е ни приближно ефикасен како арт терапијата.

“Главната разлика е во тоа што боењето има одредени ограничени бенефиции како што се намалување на стресот и негативните ментални состојби. Но, тоа не менува ништо друго, не развива односи, ниту пак резултира со личен развој”, вели таа.

Каимал и нејзините ко-автори, членови во Canadian Art Therapy Association Journal – Д-р. Џенел Менсиџер, проф.Дрексел Дормсеиф од школата за јавно здравје и студентите на докторат Џесика Драс и Ребека Дитрих Хартвел, направиле две 40-минутни вежби. Првата се состои од самото боење, додека другата вклучува арт терапевт. Целта е да се разбере дали само првата вежба доведува до значајни промени во расположението и нивото на стрес.

“Вежбите на уметничкиот терапевт резултираа со помоќно, покреативно и подобрено расположение, кое е значајно за поединците кои сакаат да го подобрат квалитетот на животот и да направат трајни промени”, вели Каимал.

Секој учесник, од вкупно 29 поединци со старосна граница помеѓу 19 и 67 години, учествувал во двете вежби.

Во вежбите кои вклучувале само боење, арт терапевтот кој бил присутен во просторијата немал никакви интеракции со учесниците кои боеле.

Во другата вежба, учесниците се сместени во отворено студио каде е присутен арт терапевт кој имал можност да дава инструкции и поддршка во процесот на создавање на уметничкото дело. Учесниците имале прилика да создадат било кој вид на уметност во зависност од нивната желба, без разлика дали тоа е боење, цртање или работа со глина за моделирање. Додека учесниците работеле, арт терапевтот исто така работел, но бил на располагање за помош на учесниците, доколку тие го побараат тоа.

Секој учесник пополнил стандардизирана анкета која го проценила нивото на стрес и чувството пред и после вежбата. Нивото на стрес се намалило за приближно подеднакво во двете вежби, и негативната ментална состојба исто така покажала намалување на нивото но, додека првата вежба не покажала значајни промени во други подрачја, учесниците покажале приближно 7 отсто зголемување на само-ефикасноста, 4 отсто зголемување на креативноста и 25 отсто зголемување на позитивното чувство после вежбата со арт терапевт.

Натаму, додека боењето помогнало да се ублажат лошите чувства, не создало добро чувство на начин на кој може направи вистинската арт терапија.

Поддржете ја нашата работа: