Мозокот на планетата

Кога планетата би имала мозок, тој би изгледал нешто слично на ова. Се работи за мочуриштето Сан Фернандо во природниот парк Баија де Кадиз во Шпанија.

Паркот зафаќа површина од 105 квадратни километри и претставува мешавина од мочуришта, плажи, борови шуми и корита со трски, со реката Гвадалете од една страна и Атланскиот Океан од друга. Реката Гвадалете го добила името по арапската фраза што значи „река на заборавот“ што се чини соодветно за слика како оваа.

Сликата ја направил фотографот Кристобал Серано кој веднаш ја забележал сличноста со човековиот мозок. Зелената боја на почетокот доаѓа од зелените алги. Потоа доаѓаат тињата и калот и во тие услови на малку кислород почнуваат да доминираат виолетовите сулфурни бактерии (на врвот од сликата).

Сликата е направена за време на ниска плима и боите не се манипулирани. Ова е уште еден доказ за тоа како природата не изненадува со навидум нереални сцени.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt