На кометата 67П/Чурјумов–Герасименко се пронајдени компоненти потребни за живот

Астрономите објавија дека откриле компоненти кои се потребни за формирање на живот, односно компоненти кои се сметаат за клучни за потеклото на животот на Земјата, во атмосферата на кометата 67П/Чурјумов–Герасименко – каде што лендерот Фили слета во 2014 година.

Иако контактот со Фили повеќе не е возможен, леталото Розета продолжи да орбитира околу кометата и детектираше клучни компоненти за живот во нејзината прашинеста атмосфера. Тие ја вклучуваат амино киселината глицин, која обично се наоѓа во протеините и елементот фосфор, кој е клучна компонента на ДНК и клеточните мембрани.

Rosetta_s_comet_contains_ingredients_for_life_node_full_image_2

Ова покажува дека дури и некои од најпримитивните тела како кометите содржат сложена мешавина на хемикалии, велат истражувачите. Тие содржат се’ што е потребно за живот, освен енергија.

Научниците долго време дебатираат можно е дека водата и органските материи на Земјата да се пренесени од астероиди или комети, веднаш по нејзиното формирање, откако Земјата се оладила, со што се обезбедиле клучните градежни елементи за појавата на живот. Ова откритие само ја зацврстува оваа хипотеза.

Резултатите од истражувањето се објавени во „Scientific Advances“.

Поддржете ја нашата работа: