Најбрзиот автомобил на водороден погон

Италијанската автомобилска компанија Пининфарина, на саемот во Женева го претстави својот футуристички концепт на автомобил на водореден погон.

Но, покрај тоа што изгледа извонредно, тоа е и најбрзиот автомобил од овој вид. Единствена лоша страна му е тоа што се’ уште претставува само концепт.

Овој автомобил кој е наречен „H2 speed“ може да развие брзина од 299 км/час. Може да достигне до 100 км за само три секунди.

pininfarina-h2-speed-hydrogen-car-635x413Работи на два електрични мотори заедно со водородните ќелии, а има можност и да ја регенерира енергијата од кочењето. Покрај тоа, може да се наполни за само три минути.

Иако сѐ уште се работи само за концепт, автомобилот ги поминал тестирањата од страна на „ГринГТ“ (GreenGT), француско –швајцарска компанија позната по развој на чисти погонски системи.

Ова секако е автомобил каде убаво се споени функцијата и формата. Компанијата допрва треба да објави кога (или дали) автомобилот ќе почне да се произведува. Трошоците секогаш се еден од најважните фактори, бидејќи нема логика масовно да се произведува супер –скап автомобил што повеќето луѓе не ќе може да си го дзволат.

here-we-see-the-h2-next-to-its-predecessor-the-sigma-grand-prix-which-also-looks-ready-for-a-race-trackСепак, со тек на време, кога трошоците за производство ќе се намалат, автомобилите со ваков стил ќе може да ги видиме и во комерцијални размери. Дотогаш, еве прилика да видиме како најверојатно ќе изгледа превозот во иднина.

Извор: „Futurism“.

Поддржете ја нашата работа: