Најчудната градина во светот

Ова е една слика од животот на една од најчудните градини во светот. Во морничава сина светлина, еден нуркач се движи помеѓу подводните оранжерии, каде што минатата година се засадија босилек, јагода и зелена салата.

Транспарентните „биосфери“ под Заливот Ноли, во Савона, Италија, се дел од три-годишниот проект „Градината на Немо“, кој има за цел да пронајде нови начини на одгледување на култури на места каде што нема слатка вода или плодна почва.

Структурите исполнети со воздух, кои наликуваат на големи балони, се вкотвени на морското дно и пловат на 5 до 10 метри под површината.

Внатре, водата се кондензира на врвот од сферите, и потоа капе назад врз растенијата со што ги наводнува, додека пак постојаната топла морска температура помага при нивното растење.


Местото е опремена со четири камери што пренесуваат во живо, па невообичаените земјоделци можеме да ги гледаме на интернет. Сензорите за собирање на податоци во живо, исто така може да се следат преку интернет и можат на пример да ни ја откријат влажноста и температурата на воздухот во оранжериите.

Ова не е единствената „чудна градина“ во околината. Еден „зелен остров“ беше изграден на средина на ѓубриште во Мали.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt