Најстарото сирење на светот е пронајдено во египетски гроб кој е стар 3000 години

Најстарото сирење на светот е пронајдено од страна на археолози, кое доаѓа со приказната за своевидното проклетство на фараонот.

Гробницата на Птамес, градоначалникот на древниот град Мемфис од 13ти век пред нашата ера по втор пат е отворена во 2010 година, а од истражувањето кое траело до сега се пронајдени неколку скршени тегли, ткаенина и белузлава цврста супстанција која е растворена и подложена на анализа.

Резултатите се објавени во списанието Analytical Chemistry.

Користејќи спектрометар, тимот од научници, предводен од хемичарот Енрико Греко од Универзитетот на Катанија, Италија, утврдија дека примерокот е направен од мешавина на кравјо и овчо или козјо млеко кој беше пронајден во скршената глинена тегла во Египетската гробница.

Присуството на примерок од бело платно е доказ дека истото е наменето за да го задржи млекото, што јасно покажува дека станува збор за домашно направено сирење.

Додека сирењето и виното вообичаено со староста стануваат подобри, овој примерок, како што велат научниците може да доаѓа од контаминирано млеко, за чиј производ се зборува дека се правел како поддршка за своевидното проклетство.

Пептидите пронајдени во примерокот сугерираат дека, исто така, може да бидат домаќини на некои непријатни микроорганизми наречени Brucella melitensis кои ја предизвикуваат потенцијално смртоносна болест бруцелоза. За научниците ова откритие не е изненадувачко, бидејќи еден начин на кој болеста се пренесува и шири од животните на луѓето е преку јадење на непастеризирани млечни производи.

Ако оваа преелиминарна анализа се покаже како точна, ова откритие не само што го ќе го прогласи ова сирење за најстаро, туку и ќе се откријат најраните почетоци на бруцелозата. Можеби градоначалникот во тоа време имал чест да јаде домашно сирење, но не поживеал доволно долго за да се излекува од болеста, бидејќи сепак, пеницилинот е откриен дури повеќе од 3000 години подоцна.

Дали ова сирење претставува расветлување на тогашното верување во проклетства или само откритие на најстаро сирење, проценете сами.

 

Поддржете ја нашата работа: