Најновиот прототип, претставен денеска на годишниот состанок на АААС во Сан Хозе, Калифорнија – еден ден би можел им помогне на луѓето со оштетен вид. Леќите можат да бидат особено корисни за луѓето со макуларна дегенерација, ослабната состојба во која луѓето постепено го губат централниот вид. Тоа е главната причина за оштетување на видот во Велика Британија и влијае на милиони во целиот свет.
Создадени се од тим предводен од Ерик Tремблај во Швајцарскиот сојузен институт за технологија во Лозана. Контактните леќи ја покриваат склерата, или белките од очите, што ги прави поголеми од обичните леќи. Во рамките на леќата има мали алуминиумски огледала, наредени во круг околу центарот. Кога светлината струи низ огледалата, тие ги зголемуваат предметите за околу 2,8 пати.
Систем за зумирање
За да се префрлате од нормален на зумиран вид и обратно, леќите треба да се носат со пар електронски очила. Намигнување со едното око прави очила се префрлат на поларизиран филтер кој ја насочува светлината на телескопскиот дел на леќи. Намигнувањето со другото око ја враќа светлината кон нормалниот дел.
Со подобрувањето на протокот на воздух, истражувачите се надеваат дека ќе се започне со човечки испитувања. Досега леќите се тестирани само на механички модел на око во природна големина.
„Паметните“ контактни леќи, исто така, може да се користат и како дијагностичка алатка. На Универзитетот во Калифорнија во Дејвис, истражувачите имаат изградено леќи со сензор за притисок за да се провери за глауком. Друг сет, развиен на Универзитетот во Вашингтон во Сиетл, може да го провери нивото на глукоза, корисен за луѓето со дијабетес.
Луѓето со макуларна дегенерација постепено го губат видот, со оштетување на мрежницата и заматување на видот. Постојните третмани се ограничени само на хирургија, или носење визуелни помагала што личат на очила за опера- познати како биоптички телескопи.
Леќите со зум можат да бидат незгодни за лицата со оштетен вид или оние кои имаат некоја форма на тикови. Сепак, се додека зумирањето го надоместува губитокот на видот, леќите се ветувачки, креативен и иновативен производ.