НАСА објави нови слики од мистериозните светли точки на Церера

Минатата година џуџестата планета Церера, која се наоѓа помеѓу Марс и Јупитер, беше предмет на интензивни дебати помеѓу научниците од целиот свет за да се утврди што ги формира мистериозните бели точки на нејзината површина. Иако оваа мистерија сега е речиси разрешена, вселенското летало на НАСА „Зора“ испрати слики каде најјасно се гледаат овие точки досега.

Новите слики што биле презентирани на 47-та годишна Конференција за планетарни науки во Тексас, се направени на оддалеченост од 385 км. над кратерот Окатор, кој се протега на површината на планетата на 92 км должина и 4 км длабочина.

Новите слики досега најјасно го прикажуваат кратерот и неговиот исклучително светол центар.

30f587dc48fe9f765cd48b5e203288a9

Покрај сликите од кратерот, научниците презентирале и обоена мапа од површината на планетата која покажува од какви материјали е сочинета планетата и како се распоредени кратерите.

Овие слики ќе им помогнат на научниците да откријат што се наоѓа под површината на Церера. Тие исто така откриваат дека, преку спектометарот за видливо и инфрацрвено мапирање (VIR), е најдена вода во кратерот Оксо, што секогаш претставува голема вест. Излегува дека Церера крие и многу други мали мистерии, покрај веќе познатите светли делови.

CeL2qMPUYAAqA-s

Новите податоци ќе им овозможат на истражувачите да дојдат до понатамошни сознанија за тоа како се формирала Церера, колку скриена вода има и секако, повеќе информации за необичните региони како што е кратерот Окатор.

Како што пишува „Gizmodo“, иако сега астрономите се убедени дека овие светли точки на кратерор Окатор се составени од сол, неодамна излезе на виделина дека тие постојано се менуваат и никој не е сосема сигурен како и зошто се случува тоа.

Повеќе од новообјавените слики можете да погледнете тука.

Поддржете ја нашата работа: