НАСА сака да создаде „бензинска пумпа“ во вселената

Во моментов, околу Земјата кружат 100 сателити во државна сопственост и 360 за комерцијална употреба.  Од GPS сигналите за навигација, па се до временската прогноза, на сите од нив им треба гориво за маневрирање во орбитата. Кога би имале гориво на дофат, би се редуцирало стареењето на сателитите и би се обезбедиле повеќе и поквалитетни информации.

Наместо да има нефукционални сателити кои „лутаат” низ вселената, нивниот животен век ќе се продолжи.

Партнерството меѓу Годард и Кенеди (вселенски центри на НАСА) обезбеди заштеда на милиони долари за развој.

Роботиката на пумпата е тестирана и работи непречено. Освен за напојување, би се користела и за сервисирање на леталата.

Уште еден пропратен позитивен ефект е намалувањето на опасните материи над земјината атмосфера.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt