Научник на денот: Чарлс К. Као

Невообичаено, тој ја подели наградата со двајца други физичари кои немаа поврзаност со неговата работа.

Као докторирал електротехника на Универзитетскиот колеџ Лондон. Тогаш тој се приклучил на Кинескиот универзитет во Хонг Конг, каде што тој го основал Одделот за електроника. Тој, исто така, една деценија работел како заменик канцелар на Универзитетот.

Денес, тој е пензиониран и од 2004 се бори со Алцхајмеровата болест. Во 2008 година се сели во Калифорнија, за да биде поблиску до семејството.

Као ги започнал неговите експерименти со оптички влакна во 1960-тите, со насоки од стаклени влакна потенки од човечко влакно и евтини за производство, кои пренесуваат речиси неограничени количини на дигитализирани податоци преку пулсирање на ласерска светлина. Денес, оптичките кабли ја сочинуваат основната инфраструктура на модерните телекомуникациски системи, вклучувајќи ги и телефонијата и преносот на податоци. Така, интернетот всушност зависи од работата на Као.

Као, исто така, е основач на Академија на независни училишта (ISF) во Хонг Конг во 2000 година. Академијата е двојазична, приватна и непрофитна, за деца од 1-во до 12 то одделение и претставува средина за учење засновано на прашања.

Као има добиено бројни награди, вклучително и Азијската награда на Векот во 1999 година, медалот „Принц Филип“ во 1996 година, и медал „IEEE Александар Греам Бел“ во 1985 година, во прилог на Нобеловата награда.

Поддржете ја нашата работа: