Научник на денот: Френсис Крик

Заедно со Џејмс Вотсон и Морис Вилкинс во 1962 година ја добиваат Нобеловата награда за физиологија или медицина, за нивните откритија поврзани со молекуларната структура на нуклеинските киселини и нејзиното значење за трансферот на информации кај живите материи.

Крик е особено значаен теоретски молекуларен биолог кој играл значајна улога во истражувањата поврзани со откривањето на генетскиот код. Познат е по употребата на терминот „централна догма“ за сумирање на идејата дека протокот на генетски информации во клетките е еднонасочен – од ДНК до РНК до протеини.

Крик е роден и израснат во мало село во близина на англискиот град Нортхемптон, како прв син на Хери Крик и Ени Елизабет Крик. Уште од рана возраст го привлекувала науката и она што можел да го научи од книгите. На 12-годишна возраст рекол дека не сака повеќе да оди во црква, бидејќи претпочита научна потрага по одговори. На 21- годишна возраст дипломирал на Универзитетскиот колеџ во Лондон, а подоцна докторирал на Колеџот „Gonville and Caius“ на Универзитетот Кембриџ. Главно работел во лабораторијата Кевендиш и Лабораторијата за молекуларна биологија на медицинскиот истражувачки совет на Кембриџ. Исто така бил и почесен соработник на Колеџот Черчил на Кембриџ и Универзитетскиот колеџ во Лондон. Се оженил два пати, имал три деца и шест внуци. починал од рак на дебелото црево на 28 јули 2004 година.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt