Научник на денот: Томас Алва Едисон

Тој имал нарушување на слухот кое времено се влошувало. Рано престанал да оди на училиште и за неговото образование се грижела мајка му. Негови најзначајни пронајдоци се фонографот (грамофонот), микрофонотакумулаторот, електричната светилка, потоа го усовршил телефонот на Бек, меѓу првите изградил електрична централа, прв ја применил филмската лента од целулоид и го изградил првото филмско ателје во светот.
Неколку години работел како телеграфски оператор насекаде низ САД. Успеал да заштеди доволно за да почне свој бизнис.

Во сопствената работилница го покажал сиот пронаоѓачки талент. Меѓу неговите патенти се вбројуваат грамофонот, телеграфот – печатач, карбонскиот телефонски трансмитер, микрофонот, како и многу други апарати.

Својот прв изум, тикер со хартиена лента, кој бил користен за праќање цени од берзата ширум земјата, го продал за околу 40.000 долари. Од тие пари, Едисон отворил индустриска истражувачка лабораторија.

Електричната светилка 

Во втората половина од 19 век, неколку иноватори ја претставиле светилката со жаречка жичка. Сепак, најуспешен меѓу нив бил токму Томас Едисон.
Она по што се разликува неговиот изум од останатите е ефикасниот материјал со кој тој постигна поголем вакуум во балонот, и на крајот, поголема електрична отпорност на светилката.
Едисон ги патентирал тие подобрувања и со својот тим на крајот ја создал светилката со карбонизирана бамбусова жица која можела да свети и до 1.200 часа.
Првиот систем за напојување на еднонасочна струја, на Едисон му овозможила да направи цел систем од осветлување.

Томас Едисон починал на 18 октомври, 1931 година, во Њу Џерси, на 84 годишна возраст.

Поддржете ја нашата работа: