Научници успеале да одгледаат растенија во услови слични на вселената

Kако дел од проектот “EDEN-ISS” научниците веќе со години се обидуваат да израснат растенија во услови какви што има во вселената. Конечно проектот им е успешен.

Се чини дека човештвото е се поблиску до вселената. Имено, тим од научници на Јужниот пол, најпосле успеа да одгледа три различни растенија без почва, сонце и пестициди. На Neumayer Station III во Германија, поточно се израснати 3,5 килограми зелена салата, 18 краставици и 70 ротквици.

Семето е посадено во средината на февруари, а успехот на научниците е навистина значаен.

До крајот на мај, научниците очекуваат дека неделно ќе произведуваат 4-5 килограми овошје и зеленчук. Иако не им била достапна земја и природна светлина, научниците се послужиле со систем за повторно искористување на вода, нутриционистички состав, ЛЕД осветлување и одредена доза на јаглерод диоксид.

Проектот е започнат со цел да научиме како под услови слични на вселената ќе одгледуваме растенија, за еден ден астронаутите да можат да ги одгледуваат истите на пример на Марс.

ЕНаука.мк
Ви благодариме за секоја ваша поддршка , донација и сугестија BTC=15qk6EUHTeHF9Y6mava8sJFcJVpWXAidK6 DOGE=DNQUB9HjQKpW353XsG44D9X34JhD5YcCXm ETH=0x760607ca70be5720f68c848ede4dd3bc530e032c SOL=E7xEBsmHDcZ7VPzU7ZFYY34mpbpZxnMtRA9nTytDAmJt