Откриено најстарото парче накит

Научниците откриле нараквица за која е потврдено дека е стара 40.000 години, што претставува најстарото парче накит откриено досега.

Нараквицата е откриена во пештерата Денисова во Сибир, што се наоѓа во близина на границата на Русија со Кина и Монголија. Пронајдена е во близина на коски од изумрени животни како волнестиот мамут и други артефакти кои датираат од пред 125.000 години.

Пештерата го добила името по Денисованите, подврста на Хомо сапиенсот од периодот на Палеолитот. Денисованите генетски делумно се разликувале  и од модерните луѓе и од Неандерталците, а се смета дека имале исто потекло со Неандерталците.

Скелетните остатоци покажале дека Денисованите веројатно биле поробусни и посилни од модерните луѓе и сѐ до сега се претпоставуваше дека биле многу попримитивни. Но, вештината со која е изработена оваа нараквица покажува дека тоа е далеку од вистината.

Image result for denisova cave bracelet

 

Нараквицата е изрботена од  зелен камен наречен хлорит кој бил пронајден во пештера оддалечена околу 200 километри од пештерата Денисова. Сега се наоѓа во Музејот на историјата и културата на народите на Сибир и Далечниот Исток во Новосибирск.

Image result for denisova cave bracelet

„Тој што јa изработил нараквицата бил исклучително вешт и користел техника за изработка за која до сега се веруваше дека не постоела во времетона Палеолитот. На почетокот мислевме дека овој предмет го направиле Неандерталци или модрни луѓе, но се покажа дека ја изработил Денисован“изјавила Ирина Салникова, директор на музејот.

„Секој накит имал магично значење за древните луѓе. На пример, нараквиците и накитот околу вратот служеле за заштита од зли духови. Но, овој предмет, со оглед на комплицираната изработка и материјалот од кој е изработен, му припаѓале на важна личност во општесвото“– вели таа.

Нараквицата е откиена во 2008 година за време на една експедиција во пештерата која има просечна годишна температура околу 0 степени Целзиусови, што приднесува да се сочуваат остатоците

Поддржете ја нашата работа: