Откриен гробот на Нефертити?

СПОДЕЛИ
An elevated view of the burial chamber of King Tutankhamun.

Радарските скенирања откриле докази за постоење на две тајни одаи позади гробот на Тутанкамон, во Луксор, Египет.

Нарекувајќи ги доказите кака „откритие на столетието“, египетскиот министер Мамбдух Елдамати изјави за медиумите дека скеновите, исто така покажуват знаци за постоење на „метални и органски“ супстанции во внатрешноста на одаите, што укажува на можноста ова да претставува гробницата на кралицата Нефертити.

Новите докази доаѓаат шест месеци откако новите слики во висока резолуција, направени на северните и западни внатрешни ѕидови на 3300 години старата гробница, покажале постоење на досега незабележани ознаки во гипсот кои биле необично слични со оние на влезната порта од гробницата на кралот, што ги открил Хауард Картер во 1922 година.

Според изјавата  на Рут Мичелсон и Питер Вокер за „Гардијан“, радарските снимки направени од јапонскиот специјалист Хирокатсу Ватанабе откриле аномалии на ѕидовите на гробницата кои изгледа дека ја формираат скриената врата и двете простории позади ѕидовите.

tomb-planСекако, нема да се извршуваат никакви работи на гробницата додека истражувачите не бидат 100 проценти сигурни дека таму навистина се наоѓа нешто. За таа цел ќе се направи уште едно радарско скенирање за да се одредат точните димензии на просториите и дебелината на скриените ѕидови.

„Можеме да кажеме со 90 проценти сигурност дека таму се наоѓаат простории. Но, нема да го направиме следниот чекор додека не бидеме 100 проценти сигурни“- изјавил министерот Елдамати.

Што може да се очекува ако се влезе во внатрешноста на просториите?

Николас Ривс, египтолог од Универзитетот во Аризона, претпоставува дека скриените одаи се местото каде е погребана кралицата Нефертити. За нејзиното постоење постојат бројни документи, но нејзиното тело не е никогаш откриено. Таа била жена на фараонот Акхенатен и маќеа на Тутанкамон.

Министерот Елдамати од друга страна верува дека таму ќе најдат тело, но дека тоа нема да биде Нефертити. Тој вели дека е можно е да се работи и за Кија или Анкхесенамун, мајката и полу-сестрата на Тутанкамон.

Резултатите од повторното скенирање се очекува да бидт објавени на 1-ви април.

Дискусија

Коментари