Нема скриени соби во гробницата на Тутанкамон

Новите радарски истражувања покажале дека во гробницата на фараонот Тутанкамон нема скриени соби, изјави ресорниот египетски министер Мустафа Вазири.

“Радарските снимки на гробницата потврдија дека нема соби, врати или скали” – вели Вазири.

Британскиот египтолог Николас Ривс претходно изјави дека деталните фотографии и снимки од северниот ѕид на гробот укажуваат на постоење на отвори во нова комора.

Сепак, сега се демантирани тврдењата дека внатре покрај гробницата на Тутанкамон се наоѓале и други простории.

Тутанкамон беше еден од последните кралеви на Египет од 18 династија. Неговата гробница беше откриена во 1922 година и за разлика од другите гробници во Долината на кралевите во Луксор таа не беше ограбена.

enauka.mk
9,246наслови од 2014 година

За љубопитноста што нè поврзува.

Вашата донација помага науката да стигне до повеќе читатели.

BTC · DOGE · ETH · SOL
≈ 3,515денари
Вкупно донирано

Донирај за науката на македонски

Избери мрежа за да ја видиш адресата.

Адреса (BTC)
QR-код за крипто адресата

Ви благодариме што ја поддржувате науката на македонски.