Научниците го открија „LUCA“ – заедничкиот предок на сите живи суштества

Научниците смтаат дека животот каков што сега го познаваме потекнува од микроби од пред околу 4 милијарди години.

Последниот универзален заеднички предок или „Luca“ (анг. last universal common ancestor), веројатно живеел во близина на хидротермалните извори на дното од океаните, пред околу 4 милијарди години.

Сега научниците за прв пат успеале да состават слика за тоа како тој генетски би изгледал.

Научниците од Универзитетт во Дизелдорф прегледале над 6 милиони гени од бактерии и археи – две големи групи на едноклеточни организми. Гените кои можеле да се најдат во барем две групи бактерии и две групи археи се смета дека најверојатно му припаѓале на „Luca“.

Научниците дошле до бројка од 355 гени, за кои мислат дека ги поседувал нашиот предок. Гените со текот на времето се менувале на предвидлив начин, што значи дека преку споредување на ДНК секвенците од живите организми научниците можат да направат хипотетичка слика за организмите за кои нема друг начин да се испитуваат.

355-те гени кои ги одредиле научниците укажуваат дека „Luca“ преживувал без кислород, а енергијата ја добивал од јаглерод диоксид и водород, дека можел да преживее во многу високи температури и дека му било потребно присуство на метал.

Научниците веќе долго време се прашуваат дали животот настанал во хидротермалните извори – места каде што морската вода се загрева од врелата магма и каде што опстојуват необични микроорганизми. Генетскиот профил на „Luca“ направен со новото истражување многу добро се вклопува во ваквиот начин на живот.

hydrothermal-vent-1024x768

Сепак, научниците не се согласуваат за тоа каде точно, според овие карактеристики, би можел да се смести „Luca“ на временската линија на најраните организми. Некои од неговите карактеристики е многу тешко да се постигнат, но и недостасуваат други карактеристики кои се од клучна важност за животот. На пример, тој поседува само мал број од алатките кои се потребни за создавање на амино киселини и никлеотиди, кои се главни градивни елементи на животот каков што го познаваме сега.

Како и да е, научниците собираат се повеќе индиции за некои од најраните форми на живот. Тие може да изгледаат едноставни и многу далечни, но овие древни предци на крајот се развиле во луѓе и во се’ друго што живее на Земјата.

Истражувањето е објавено во списанието „Nature Microbiology“.

Статијата е објавена во „Tech Insider“.

Поддржете ја нашата работа: