„Dreadnoughtus“беше откриен минатата година, кога палеонтолозите ја процениле неговата тежина од околу 60 тони врз основа на димензиите на коските на нозете. Меѓутоа, ова ново истражување предизвика доста сомнежи.
„Проценувањето на телесната маса на едно изумрено животно пред приближно 77 милиони години, од неговите фосилизирани коски, претставува голем предизвик и се потпира на достапноста на одредени информации од живите животни и техниките за моделирање“ – изјави коавторот на ова истражување д-р Карл Бејтс, професор по биологија на Универзитетот во Ливерпул, Англија.
„Користејќи дигитално моделирање и збир на податоци и за живите и за изумрените видови, бевме во можност да утврдиме дека ова суштество не е можно да било толку големо колку што првично било проценето“.
Научниците користеле 3D дигитален модел од скелетот на диносаурусот за да го пресметаат обемот и густината на неговите коски, кожа, мускули, дебелина и други ткива – открива „National Geographic“. Според обемот и густината, како и соодветните податоци за некои слични животни кои живеат денеска, научниците ја процениле неговата тежина на 30 до 40 тона.
Меѓутоа, д-р Кенет Лаковара – палеонтолог од Универзитетот во Дрексел којшто го откри „Dreadnoughtus“,се΄уште не е убеден во тоа. Зошто? Бидејќи новото истражување го користи обемот на диносаурусот како замена за неговата маса, а обемот на „Dreadnoughtus“се’ уште не е познат бидејќи се откриени само 45 проценти од неговиот скелет. „Тие користат замена којашто не постои, за да добијат бројка што не може да се потврди“ – изјавува Лаковара.
Сепак една работа во којашто се согласуваат научниците е тоа дека „Dreadnoughtus“ бил застрашувачки голем.
Ова истражување е објавено во „Royal Society journal Biology Letters“.