Научниците создале пиле со нозе на диносаурус

Научниците создадоа ембрион на пиле кое по генетско модифицирање развило нозе како на диносаурус, со што се нагласува еволутивната поврзаност помеѓу диносаурусите и птиците.

Истражувањето на научниците од Универзитетот во Чиле покажа дека со ихибирање на гените кои влијаат на созревањето на нозете на ембрионот, тие се враќаат во формата која што ја имале нозете на диносаурусите. Резултатот е ембрион на пиле со нозе на диносаурус.

Ембрионот не бил доведен до фазата на испилување, но тоа не ни била поенатата на истражувањето. Целта била да се откријат биолошките процеси кои довеле до преминот од нозете на диносаурусот во нозете на современите птици.

molecular-expОва истражување, објавено во „Evolution“, им помага на научниците да ја потврдат поврзаноста на птиците и диносаурусите, но исто така и да ги идентификуваат генетските промени кои се вклучени во еволуцијата.

Ова не е прв пат научниците да создадат одредени карактеристики на диносаурусите кај современите пилиња. Минатата година, една група на научници од САД успеале да создадат ембрион на пиле со муцка на диносаурус.

Погледнете го видеото каде Џек Хорнер, главен истражувач и реномиран палеонтолог, објаснува како успеале да го направат тоа.

Поддржете ја нашата работа: