Науката позади илузиите

Сите ние сме љубители на добра оптичка илузија. Но, што е тоа што прави нашите очи да гледаат работи кои не постојат?

Дестин од „Smarter Every Day“ ни ја објаснува науката позади оптичките илузии. Но, пред да започнеме, погледнете ја барем првата минута од видеото за да видите колку неверојатни можат да бидат овие трикови на умот.


За да открие што се случува, Дестин го посетил креаторот на една оптичка илузија при која од едноставна ротирачка табла покриена со црвени, сини и зелени LED светла се создаваат неверојатно сложени слики. За да го види она што нашите очи не го гледаат, Дестин го снимил процесот со камера во бавно движење.

Па, кога LED уредот започнува да се движи, нашите очи гледаат целосна слика. А кога Дестин ќе ја пушти снимката во забавено движење, ни станува јасно дека гледаме празен простор и неколку внимателно одбрани LED светла. Па, зошто нашиот мозок го претвора тоа во нешто друго? Зошто нашите очи не можат да видат што навистина се случува?

Според Стујарт Анстис, експерт за визуелна перцепција од Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего, се’ се сведува на нешто што се нарекува „упорност на видот“. Нашите очи се изложени на многу светлина и се многу чувствителни, но прилично бавно одговараат на новите информации. Потребни се од 10 до 100 милисекунди за мозокот да ја регистрира светлината. Така, нашите очи земаат некој просек од она што го гледаме во текот на еден краток период, за да ни го изедначат видот.

Со помош на снимката, Дестин открива точно во кој момент нашите очи престануваат да ја гледаат целосна слика и започнуваат да гледаат ротирачка колона на светла. Погледнете го видеото до крај за да се уверите и самите дека очите навистина може да не излажат.

Поддржете ја нашата работа: