Повеќе од 11 милиони Американци во моментов практикуваат јога, според Американскиот совет за вежбање.
Во 2010-та година едно истражување спроведено од Факултетот за медицински сестри на Универзитетот во Мериленд покажало дека јогата може да биде исто толку ефективна, па дури и повеќе, отколку вежбањето, кога станува збор за подобрување на здравјето. Па што всушност се случува во вашето тело и мозок? Еве ја науката позади оваа древна пракса.
Физички придобивки
Во едно истражување од „ACE“, истражувачите од Универзитетот во Висконсин откриле дека вежбање на јога 8 недели ја подобрува просечната флексибилност од 13 до 35 проценти, а исто така го намалува и воспалението.
„Забележавме позитивни промени во флексибилноста на целото тело, рамениот појас, извртувањето, наведнувањето, досегнувањето, подобрена флексибилност на долниот дел од грбот – сите овие видови на флексибилност се подобрија, а тие се изведуваат секојдневно“ – изјавува еден од истражувачите Џон Поркари.
Како функционира за телото
Јогата го придвижува вашето тело на начин за да се осигура дека функционира правилно. Практикувањето на јогата може да се забележи и пред 5.000 години, но некои истражувачи сметаат дека може да датира дури и пред 10.000 години.
Кога вежбате јога, работите на „кревање“ на сопствената телесна тежина, што значи дека може да треба малку повеќе вештина, време и решителност за да се направи правилно, бидејќи придобивките се подобри отколку само кревањето на тегови.
„Вашето тело се доведува до позиции и ориентации кои на крај треба да ги поддржите со вашите мускули“- вели јога инструкторот Родни Ји.
Духовни придовки
Едно истражување објавено во списанието „Psychophysiology“ покажало дека жените кои практикуваат јога имаат намалено ниво на психолошка вознемиреност како и помалку стрес. Покрај тоа, тие започнале да доживуваат и повеќе позитивни емоции и го подобриле своето расположение.
Како функционира за мозокот
Јогата го зголемува нивото на мозочните хемикалии како што се „GABA“, серотонин и допамин, кои се одговорни за чувството на релаксација и задоволство. Ова се постигнува со длабокото вдишување, подобрувањето на протокот на крв во мозокот и акутното фокусирање на вашето внимание за подолго време.
Вежбањето на јога се поврзува со отворање на вашиот ум за учење на нови работи.
„Ги згуснува слоевите на церебралниот кортекс, дел од мозокот кој е поврзан со повисокото образование, и ја зголемува невро-пластичноста, што помага да научиме нови работи и да го промениме начинот на кои правиме некои работи“ – вели Лорен Фишман- доктор од Њујорк, кој исто така е и инструктор по јога.