Големи јавни здравствени организации, судството, па дури и списанието што објави неоснована статија дека ММР вакцините се штетни, сите тие се согласуваат дека вакцините не предизвикуваат аутизам.
Но, новиот документ, објавен во „ЈAMA“ конечно ќе стави крај на дебатата.
Во истражувањето кое вклучува 95.000 деца, не е пронајдена никаква поврзаност меѓу вакцините за мали сипаници, заушки и рубеола (ММР) и аутизмот. Истражувачите, исто така, испитувале дали секое дете има семејна историја на аутизам. Дури и кај децата во оваа високо-ризична категорија, не е пронајдена врска меѓу ММР и аутизмот.
Всушност, никогаш немало високо квалитетни научни трудови кои сугерираат врска меѓу вакцините и аутизмот. Сепак, во текот на изминатите 15 години, безброј пати се анализирани вакцините и нивните состојки. Наодите во континуитет се дека тие се безбедни и ефикасни.
За секој случај, да повториме неколку цврсти научни докази кои можеби не сте успеале да ги чуете од викотниците на анти-вакцина лобистите. Во 2004 година, Институтот за медицина анализираше огромна база на епидемиолошки докази и потврди дека вакцината не предизвикува аутизам. Во 2011 година, истата група разгледа уште осум големи вакцини и уште еднаш потврди дека вакцините не предизвикуваат аутизам. Две години подоцна, ЦДЦ следеше 256 деца со аутизам и ММР вакцини-не е пронајдена врска. Паралелно, девет студии од неколку земји покажаа дека хемискиот состав на вакцините е сосема безбеден.
Овие наоди се исклучително важни затоа што јавноста мора да разбере дека невакцинирањето носи со себе огромни ризици. Сега, епидемиолозите се речиси сигурни дека сипаниците се во пораст поради одбивање на родителите да ги вакцинираат своите деца. Се надеваме дека ова истражување -95.000 деца, 2 децении, конечно ќе ги разубеди.