Неандерталците биле попаметни отколку што мислиме

Анализата покажа дека осум канџи од најмалку три различни орли биле претворени во ланче или нараквица во времето кога неандерталците биле единствените луѓе во Европа пред 150.000 години.

Откритието покажува дека Неандерталците не биле брутален вид како што е често прикажан, туку некој кој е способен за внимателно планирање и препознавање на симболичната убавина на орнаментиката.

„Хомо сапиенсот не е толку уникатен во изразите на симболизмот. Многу докази се појавуваат во последните неколку години и обезбедуваат нови информации во врска со софистицираноста на неандерталците, и покрај сите декади на праисториски предрасуди и дискриминација против нив “, изјави Дејвид  Фрауер , почесен професор по антропологија на Универзитетот во Канзас.

 За Неандерталците  често се мисли дека биле  лековерни,  мрморливи, тромави будали. Но,  колку повеќе знаеме за нив, излегуваат се  пософистицирани.

 Осумте канџи и  коски од една нога биле  наредени на некаква врвка или конец, сметаат  научниците. Најверојатно заради намалување,  канџите имаат полирани површини  предизвикани  од  триење на канџите (една од  друга).

 Ова се најстарите пронајдени орелски канџи.    Постојат осум, и сите покажуваат знаци на  истрошеност, полирање  и / или манипулација,  сугерирајќи дека тие биле дел од накит, можеби  ѓердан, белегзија и сл.

 Не е познато како тие се стекнати, но орлите се  ретки во животната средина и не е лесно да се  најдат или фатат. Доколку ги уловиле, тоа е  уште еден доказ дека Неандерталците биле  способни за планирање и предвидување.

Покрај тоа што се доволно софистицирани да ги набават и да „обработат“ канџите, тие и ги нанижале заедно.

Канџите се откриени пред 100 години во познатата област Крапина во Хрватска, но неодамна Даворка Радовчич, куратор на Природонаучниот музеј  во Загреб, одлучи да ги анализира канџите со современи техники, кои откриваат дека тие некогаш се користиле за украсување на телото, односно како бразлетна или ѓердан.

Поддржете ја нашата работа: