Недостатокот на сон го намалува мозокот

Спиењето е една од оние телесни функции што ги земаме здраво за готово, како трепкањето или дишењето. Ние тоа го правиме редовно, а често и без размислување, но последиците од активно неспиење можат да бидат огромни. Нашите мозоци и тела се исцрпени, и тоа не е случајно.

Неодамнешните истражувања се несигурни кога станува збор за препорачаниот број на часови за спиење секоја ноќ. Со години, тоа беше бројот осум. Тоа значи една третина од животот треба да поминете несвесно, сонувајќи. Потоа, научниците се договорија дека 8 часа се премногу, па редуцираа на 7. Ако пропуштите еден или два часа, вие ќе се чувствувате уморно во најлош случај. Но, што ако сте ги изгубиле сите седум?

За жал, ништо добро. Спиењето има неколку клучни улоги, имено за консолидација на меморијата и репарирање на мускулите. Кога спиете, вашиот мозок ги исфрла сите неискористени и разновидни информации расфрлани во внатрешноста на ткивата, и ги задржува важните. Нема потреба да се сеќавате на секоја избришана е-порака тој ден или бројот на регистарската табличка на автомобилот пред вас во сообраќајот, па вашиот мозок се ослободува од овие информации. Исто така, вашето тело е уморно на крајот на денот, па спиењето е потребно за обновување на хормоните и репарирање на мускулите.

Недостатокот на сон буквално ги уништува овие функции. Мозоците лишени од сон се во просек помали во обем и имаат помалку мозочни клетки. Неколку неодамнешни истражувања ја поддржуваат идејата дека добро одморените мозоци се најздрави.

Истражувачите од Универзитетот на Пенсилванија откриле дека невроните кои се наоѓаат во регионот на мозокот познат како „locus coeruleus“ (LC) почнале да умираат. Овие неврони играат витална улога во производството на енергија за целото тело, објаснувајќи зошто се чувствувате летаргични по долги часови без спиење. Во нормални услови, ќе се активира вашиот осет за расудување од префронталниот кортекс на мозокот. Но, кога тој регион се деактивира по многу часови будност, „locus coeruleus“ презема. Неговата примарна функција вклучува стрес и паника, па оттука и вашите напади на страв навечер.

Следно, научниците од Универзитетот во Оксфорд открија дека луѓето кои страдаат од лишување од сон почесто имаат кортикално намалување од луѓето кои спијат соодветен број на часови. Кај луѓето над 60 години, забележани се најголеми разлики, што укажува на тоа дека спиењето има уште поголема улога кај возрасните мозоци.

Во најдобар случај, овие истражувања даваат увид за последиците од лишувањето од сон. Често, субјектите не остануваат будни подолго од 24 часа. Како што телото останува во будна состојба два, три, пет, и светскиот рекорд од 11 дена и 24 минути, мозокот има минимална функција со максимална последица. По 24 часа, крвниот притисок и нивото на кортизол се зголемуваат. Во рок од една недела, ќе ги изгубите сите когнитивни функции, се јавуваат халуцинации и ќе ја губите меморијата. Сите што почувствувале неопходна потреба за спиење, сведочат дека е неспоредлива со гладта и жедта.

Поштедете се себеси. Наспијте се!

Поддржете ја нашата работа: