Недостатокот на сон ја ослабува плодноста кај мажите

Добриот сон може да им помогне на паровите во борбата со зачнувањето, според истражувањето претставено оваа недела на годишната конференцијата на Американското друштво за репродуктивна медицина во Солт Лејк Сити во Јута.

Истражувачите ги испитувале податоците од една претходна студија на брачни парови кои планирале зачнување, од онлајн истражувањето за бременост на Универзитетот во Бостон (PRESTO). Следејќи 695 парови кои се обидувале да добијат бебе во последните 6 месечни циклуси или помалку, истражувачите откриле дека квалитетот на мажите и должината на сонот се поврзани со шансите за успешно зачнување.

Мажите кои спиеле помалку или повеќе од 6 до 8 часа имале значително помала веројатност да ги оплодат своите партнерки, како и мажите кои имале проблеми со спиењето па дури и за кратко време.

Стапката на успех се намалувала со намалувањето на сонот кај мажите, а врската останувала сигурна и покрај други фактори како што се историја на депресија, индекс на телесна маса и фреквенција на секс.

„Постојат многу малку податоци за тоа како спиењето кај мажите може да влијае на нивната плодност. Знаеме дека стресот може да влијае на плодноста и кај мажите и кај жените. Ова истражување ни укажува дека кај мажите сонот од 7 до (помалку од) 9 часа помага во оптимизирањето на нивната плодност и нивните шанси да придонесат за бременост“, изјавува д-р Петар Шлегел, заменик-директор на Американското друштво за репродуктивна медицина и шеф на урологија на „Weill Cornell Medicine“ во Њујорк.

Мажите кои редовно спиеле помалку од 6 часа или 9 часа имале 42 проценти помала веројатност за зачнување во споредба со оние кои спиеле по 8 часа, објаснува д-р Лорен Бајс, професор по епидемологија на Школата за јавно здравство во Универзитетот во Бостон. Резултатите исто така се покажале слични и за паровите кои се обидувале да зачнат во последните три менструални циклуси или помалку.

malesconceiv

На прашањето зошто е тоа така, Вајс истакнува дека спиењето помага во регулирањето на дневното ниво на тестостерон кај мажите, кој го потикнува добриот квалитет на спремата. Проблемите со спиењето се поврзани со пониска концентрација на спермата, вкупниот број на сперматозоиди и нивото на здрава сперма, заедно со пониско ниво на тестостерон.

Како и сите истражувања од овој вид, наодите укажуваат само на можна поврзаност помеѓу сонот и плодноста кај мажите, и не подржуваат директна причинско-последична врска. Вајс и неговите колеги се надеваат на повеќе истражувања, и затоа, овие прелиминарни резултати се’ уште не се објавени во некое научно списание.

Поддржете ја нашата работа: