Секојдневните навики се прилично стресни и не исцрпуваат, а сето тоа влијае на нашето тело, здравје и способност за оптимални перформанси.
Додека една непроспиена ноќ нема да го загрози нашето здравје, долгорочните проблеми со спиењето може да имаат опасни, дури и фатални ефекти на севкупното здравје и благосостојба.
1. Недостатокот на сон и желбата за брза храна
Повеќето од нас, кога не можат да заспијат го отвораат фрижидерот во 2 часот по полноќ и посегнуваат по најнездравата храна богата со калории. Зошто е тоа така?
Едно истражување објавено во „Nature Communications“ открива дека недостатокот на сон го нарушува изборот на храна и тоа на два начина – прво, ја потиснува активноста во одредени мозочни региони одговорни за проценка на нагоните и второ, ја зголемува активноста во амигдалата која е одговорна за контролирање на значајноста на храната.
Ненаспаноста влијае на способностите за донесување на одлуки, притоа зголемувајќи ја нашата желба за нездрава храна. Тоа ја потврдува поврзаноста на недостатокот на сон и зголемувањето на тежината.
2. Недостатокот на сон и кожата
Недостатокот на спиење може да доведе до стареење на кожата и темни кругови околу очите. Едно истражување објавено во „Journal of Investigative Dermatology“ покажува дека лошиот квалитет на спиењето е поврзан со здравјето на кожата и го забрзува нејзиното стареење.
3. Недостатокот на сон и губењето на меморијата
Оние денови кога сте најуморни, исто така сте и расеани и најмногу заборавате. Спиењето помага при зачувувањето на мемориите, а трајниот недостаток на сон може да доведе до трајни когнитивни проблеми, како губење на меморијата.
4. Недостатокот на сон и сексуалниот нагон
Мажите и жените кои имаат недостаток на сон исто така имаат и помал интерес за секс, како резултат на поспаноста и немањето на енергија.
5. Недостатокот на сон и болестите на срцето
Прекумерната ненаспаност поради обидот да се одржи балансот помеѓу работата и приватниот живот станува премногу често во нашето општество и е опасно за здравјето на срцето. Според едно истражување објавено во „European Heart Journal“, спиењето во рок од 6 часа или помалку, секоја вечер, предизвикува телото да произведува повеќе хемикалии и хормони кои го зголемуваат ризикот за срцев удар и други состојби како висок крвен притисок, холестерол, дијабетес и дебелина.
6. Недостатокот на сон и оштетувањата на мозокот
Едно истражување од шведски истражувачи покажува дека една ноќ без сон може да доведе до зголемување на молекулите кои се биомаркери за оштетување на мозкот.
7. Недостатокот на сон и смртта
Луѓето кои спијат помеѓѕ 6,5 и 7,5 часа имаат тенденција да ги надживеат оние кои спијат помалку. Едно истражување објавено во „Sleep“ покажува дека мажите кои спијат помалку од 6 часа во текот на една ноќ имаат 4 пати поголеми шанси за смрт во период од 14 години.
Националната фондација за спиење препорачува возрасните да спијат од 7 до 9 часа секоја ноќ. Овие препораки се засновани на генетски и психолошки фактори, заедно со возраста, полот и начинот на спиење.
Недостатокот на сон е нешто што може да го контролирате и да ги спречите овие опасни 7 опасни ефекти по здравјето.