Во кристално чистите води во близина на брегот на Кронула, јужно од Сиднеј, снимена е спектакуларна глетка на група китови кои бркаат една ајкула. Она што ја прави оваа глетка уште поспектакуларна е фактот што се работи за китови од видот „Pseudorca crassidens“ или уште познати како лажни китови-убијци (поради нивната сличност со китовите-убијци кои припаѓаат на различен род) кои важат за мистериозни суштества поради тоа што многу ретко се забележуваат во дивината.
Овие китови растат од 3 до 5 метри во големина и се трети најголеми членови на семејството на океански делфини. По изгледот се многу слични на орките, односно китовите-убијци, со тоа што наместо црно-бели тие се црно-сиви. Исто како и орките, и овие китови напаѓаат и убиваат други китови, но според оваа снимка се чини дека одвреме навреме се гоштеваат и со ајкули.
Од оваа снимка не може точно да се идентификува видот на ајкулата, ниту пак официјално да се потврди дека навистина се работи за лажни китови-убијци, но според морскиот биолог Георгина Вуд нивната големина и боја одговара токму на тие предатори. Во секој случај, се работи за навистина неверојатна и ретка воздушна снимка. Погледнете!
https://www.youtube.com/watch?v=ZhjRCNQsvEc